Connect with us

Фудбал

Поранешниот судија Галагер за голот на Халанд во дербито: Енцо влијаеше врз двајца играчи на Јунајтед, офсајд беше посоодветна одлука

Поранешниот англиски фудбалски судија Дермот Галагер верува дека судиите требало да досудат офсајд од Енцо Фернандес при постигнувањето на голот на Ерлинг Халанд на вчерашното дерби Манчестер јунајтед – Манчестер сити.

Голот на Норвежанецот се покажа како победнички за Манчестер сити во четвртото коло од Премиер лигата. Судијата Мајкл Оливер првично го поништи голот поради офсајд, но ја промени својата одлука откако доби совет од ВАР судијата.

– Мислам дека ВАР судиите беа фокусирани на тоа дали Енцо Фернандес ја допрел топката. Сепак тој влијаеше на ситуацијата. Според мене, досудувањето офсајд беше посоодветна одлука, бидејќи очигледно Енцо привлече двајца играчи на Јунајтед. ВАР никогаш нема да даде 100% точни одлуки, рече Галагер.

Сити иако играше со фудбалер помалку цели 70 минути, на крајот победи со 1:0.