Connect with us

Политика

Ковачки: Стојанчо Радичевски ќе биде идниот градоначалник на Брвеница

Штотуку ја поднесовме кандидатурата за кандидат за градоначалник на Oпштина Брвеница за господинот Стојанчо Радичевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Веруваме дека имаме одличен кандидат, кандидат којшто ќе биде континуитет на претходниот прерано заминат наш градоначалник Јовица Илиевски.

Верувам дека, и покрај тоа што има многу кандидати за градоначалник за Општина Брвеница, верувам дека нашиот кандидат е убедливо најдобриот кандидат, кандидат којшто обединува и со кого што заеднички ќе славиме на 18 oктомври.

Повикувам на фер кампања, на достоинствен однос и на фер и демократски избори.