Политика
Андоновска: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ја оправдаа довербата од граѓаните, ги трансформираме општините и создаваме иднина дома

ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 4 години со јасна визија и цел, со знаење и со трудољубивост постави цврсти темели за развој на општините со кои управуваше. Чесната, одговорна и посветена работа на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ резултираа со реализација на ветените проекти. Нашите градоначалници беа исправени пред многубројни предизвици, општините беа затекнати во дебели минуси, со блокирани сметки и проблеми. Но, со задоволство можеме да кажеме дека успешно се справија со истите и ги вратија општините на вистинскиот пат, патот на промените и иднината.
ВМРО-ДПМНЕ ја оправда довербата од граѓаните бидејќи нашите градоначалниците станаа симбол за позитивни промени, реализатори на реформи и двигатели на општините на кои припаѓаат.
Од 2021-та година, откако имаме локална власт, изградивме и реконструиравме над 770 километри патна инфраструктура во вкупна вредност од околу 100 милиони евра.
Водоводна и канализациона мрежа во должина од околу 138.000 метри.
Изградени и во завршна фаза на градење се и 12 пречистителни станици.
Повеќе од 400 училишта беа реконструирани и модернизирани, со што се создадоа услови за воведување едносменска настава. Во поголем дел од општините, учениците од прво до петто одделение добија бесплатна храна како и бесплатно летување за децата од социјално загрозените семејства.
Исто така, на поголем дел од училиштата беа поставени и фотоволтаици.
Во делот на социјалната заштита пак, 70 детски градинки беа реконструирани и модернизирани, а изградени десетици. За оваа цел се инвестирани повеќе од една милијарда денари.
Почитувани граѓани,
Во последните 15 месеци централната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ докажа дека е најголеми сојузник на општините. Вложивме 500 милиони евра за капитални проекти за локален развој, обезбедени преку два јавни повици, од кои на вториот повик имаше 887 проекти од 80 општини.
ВМРО-ДПМНЕ со неселективниот пристап уште еднаш покажа дека работи во интерес на граѓаните. Македонија со ВМРО-ДПМНЕ чекори по патот на промените. Заедно ги трансформираме општините и создаваме иднина дома. Изборот за ВМРО-ДПМНЕ е вистинската одлука, вистинската избор за твојата општина, просперитетна, перспективна, развојна.
Направете го вистинскиот избор за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина!
септември 18, 2025