Connect with us

Општини

Во велешката касарна свечено одбележан патронатот Алексо Демниевски Бауман

Во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ каде е сместена Командата за обука и доктрини пред нејзината зграда на отворено денеска по вторпат свечено беше прославен 5 Септември – Денот на патронот Алексо Демниевски Бауман, велешанец кој бил шпански борец и командант на Сремскиот фронт во завршните операции за ослободувањена Југославија, а животот го завршил како генерал потполковник во југословенската армија. Toj починал на 5 септември во 1961 година во Белград. роден бил во Велес на 10 септември во 1905 година.

Букети цвеќе положија претставници на КОД од касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ од локалната власт од Општинскиот сојуз на борци и претставници од јавните установи. Присутните на свеченоста по интонирање на македонската и химната на Армијата потоа им со едноминутно молчење им одадаоа почит на сите загнати претставници на Армија низ годините до денес.

Командантот на КОД бригадниот генарал Лулзим Нуредини од свечената говорница потенцира дека денешното чествување за Алексо Демниевски Бауман е можност со почит да се потсетиме на неговиот животен пат, неговата храброст, истрајност и посветеност на идеалите за кои се борел, но и да го истакнеме значењето на вредностите што неговото дело ги остави како трајно наследство.

Тој потсети дека животниот и воен пат на Алексо Демниевски Бауман оставил значајна трага во бурните историски настани на дваесетиот век, а неговото име останало поврзано со една генерација која својата младост и живот ги посветила на борбата за слобода и правда.

-Секоја генерација има свои предизвици. Денешните се поинакви од оние со кои се соочувала генерацијата на Алексо Демниевски Бауман, но вредностите потребни за нивно надминување остануваат исти. Да се биде храбар денес значи одговорно да се извршува должноста. Да се биде истраен значи да не се откажуваме пред тешкотиите. Да се биде посветен значи секој од нас, на своето место и во рамките на својата професија, да придонесува за безбедноста, стабилноста и наредокот на нашето општество. Токму затоа, името што го носи оваа касарна нека продолжи да не потсетува дека почитта кон минатото најдобро се покажува преку одговорноста кон сегашноста и иднината, потенцира командантот на КОД бригадниот генерал Нуредини.

Воедно за делото на Алексо Демниевски Бауман историски осврт даде Александра Гиовска, кустос за историја на уметноста од Народниот музеј од Велес.

-Алексо Дениевки Бауман починал на 5 септември 1961 година во Белград само 5 дена пред својот 56 роденден.Но можеби најважното во неговата приказна е што и покрај сите места на кои животот го однел: Советскиот Сојуз,Шпанија, Сремскиот фронт и Белград неговата приказна започнува овде во Велес. Од овие велешки улици тргнал еден млад работник со своите идеали и со желбата да остане трага во времето во кое живеел. Животот потоа го однел далеку од родниот град но неговото потекло и неговата врска со Велес останале неразделен дел од неговата приказна. Затоа кога денес го кажуваме името Алексо Демниевски Бауман не се навраќаме само на името на еден воен старешина, се враќаме на еден велешанец на еден човек чиј живот ги преминал границите на неговиот град и неговата земја, но чии корени секогаш останале тука во Велес. Човек кој од работничките улици на Велес стигнал до боиштата на Шпанија и до врвовите на една Армија. Токму затоа неговото име денес не е само дел од историјата, тоа е дел од паметењето на едно време и генерација и еден град кој ги дал своите луѓе во големите историски настани на 20 век. Денес оваа касарна гордо го носи неговото име,неговиот спомен продолжува да живее,а со него продолжува да живее приказната за еден наш човек велешанец, чие име одамна го надминало родниот град, но, чии корени секогаш остануваат тука во Велес, потенцира Гиовска.

Тој бил одликуван со повеќе високи одликувања, а дел од неговите документи се чуваат во спомен собата на велешката касарна Алексо Демниевски Бауман. Тука се чува и неговата генералска облека која до пред некоја година беше и изложена за јавноста.

Свеченоста беше збогатена со настап на најмалите фолклористи од КУД „Коле Неделковски“ кои добија долг и силен аплауз од домаќините и гостите за сплетот одиграни македонски ора.