Connect with us

Фудбал

Марсијал пред трансфер во Евертон

Премиерлигашот Евертон ја разгледува можноста да го ангажира напаѓачот Ентони Марсијал, кој би можел да му се приклучи на клубот од Ливерпул без обесштетување, јавија денеска англиските медиуми.
Последен клуб за кој настапуваше 30-годишниот Марсијал беше мексикански Монтереј, за кој францускиот фудбалер настапуваше од септември 2025 до јуни 2026 година, и постигна еден гол на 20 натпревари.
Марсијал во кариерата претходно настапуваше за Манчестер јунајтед, АЕК, Севиља, Монако и Лион.
Вредноста на Марсијал на трансфер пазарот се проценува на 3,5 милиони евра.