Фудбал
Гаштаров го продолжи договорот со Црвена Звезда
Македонскиот фудбалски репрезентативец Матеј Гаштаров ја продолжи соработката со Црвена Звезда. Клубот од Белград објави дека договорот со младиот играч е продолжен до 2031 година. Новиот македонски репрезентативец импресионира во оваа сезона, па очекувано е што соработката му е продолжена.
– Многу ми значи новиот договор. Се радувам што сум тука и ова е остварување на мојот сон, кој го сонувам од мали нозе. Се се одвива многу брзо, но верувам во напорната работа. Новиот договор ми е мотив да продолжам да работам уште повеќе. Добро почнав и планирам да продолжам во ист ритам, изјави Гаштаров.
Македонскиот репрезентативец фудбалската кариера ја почна во Вардар, а од 2024 година е во Црвена Звезда. Првите настапи во сениорската македонска репрезентација ги имаше во циклусот натпревари од Лигата на шампионите пред не цел месец.
октомври 22, 2026


