Connect with us

Ракомет

Ројевиќ останува на клупата на ГРК Охрид до 2029

Српскиот ракометен стратег Борис Ројевиќ ќе продолжи да ја извршува тренерската должност во ГРК Охрид до 2029 година, објави попладнево македонскиот суперлигаш.

Четириесетишестгодишниот Ројевиќ седна на клупата на ГРК Охрид во март 2025 година и му ги донесе најголемите успеси на клубот, освојувајќи го минатата сезона ЕХФ Европскиот куп, како и настап во финалето во Купот на Македонија.

„Заедно испишавме историја. Заедно го освоивме првиот европски трофеј. Заедно покажавме дека Охрид може да сонува и да победува големо. Но, ова не е крајот на приказната. Амбициите остануваат највисоки – нови трофеи, напад на шампионската титула и ГРК Охрид на местото кое го посакуваме – на врвот!“, се вели во клупското соопштение.

ГРК Охрид во средата во драматичен натпревар загуби (31-32) од Вардар 1961 во Суперкупот, а новата сезона во македонската Суперлига ќе ја почне в недела на домашен терен против Еурофарм Пелистер.