Connect with us

Ракомет

Ракометарите на Вардар по петти пат го освоија Суперкупот

Актуелниот шампион Вардар 1961 го совлада ГРК Охрид со 32-31 во битката за трофејот во Суперкупот со кој вечерва во Гевгелија официјално беше отворена новата сезона во македонскиот клупски ракомет.

Пресметката за првиот трофеј во новата сезона донесе квалитетен и докрај неизвесен натпревар во кој ракометарите на Вардар со гол во последниот напад по петти пат во клупската историја го освоија Суперкупот.

Вардар влезе во завршните пет минути со предност од два гола, но Охрид ја анулираше негативата и натпреварот влезе резултатски израмнет (31-31) во завршната минута.

На 19. секунди до крајот на дуелот, Воркапиќ од пенал му донесе ново водство на Вардар од 32-31, а Валах со фантастична одбрана на спротивната страна го потврди триумфот со кој избраниците на Чупиќ му се реваншираа на Охрид по серијата од три порази во меѓусебните дуели.

Воркапиќ со 12. голови беше најефикасен во редовоите на Вардар, додека Ѓукиќ на спротивната страна ги предводеше стрелците со шест погодоци