Connect with us

Технологија

„Тесла“ ги претстави новите кибертакси-возила без волан и педали

Американската компанија „Тесла“ оваа седмица претстави десетици самоправувачки кибертакси-возила, коишто немаат волан, ни педали и не им дозволуваат на патниците да ги преземат контролите во итни случаи. Возилата првично ќе сообраќаат на улиците во Остин, Тексас, САД.

Компанијата се подготвува да ја понуди услугата и во други градови. Акциите на „Тесла“ пораснаа за повеќе од 5 отсто вчера, поради очекувањата дека футуристичките такси-возила би можеле брзо да стекнат популарност. Акциите на фирмата лани беа под притисок, бидејќи продажбата на автомобили опадна. Исто така, предвиден е и официјален настан за претставување на возилото, со присуство само со покана.

„Без волан, без педали“, напиша „Тесла“ на својот интернет-простор.

Извршниот директор Илон Маск објави слика од џиновско роботакси што лебди над хоризонтот на Остин, проследена со наслов: „Бура од кибертаксија“.

Не е јасно кога „Тесла“ планира да почне со масовна понуда. Компанијата заостанува зад водечката во однос на самоуправувачките такси-возила, „Вејмо“, во однос на бројот на автомобили што се користат и бројот на услуги и патувања.