Connect with us

Свет

Француската полиција забрани демонстрации во одредени делови од Париз

Законска забрана за собори и демоснтрации  донесе париската полициска префектура во одредени делови од Париз, пред сè во потесниот центар, која е во сила денеска од 08:00 до 20:00 часот.

Забранети се собири и демонстрации во близина на Елисејската палата, палатата Матињон, Националното собрание, Сенатот, како и кај туристичките места како музејот Лувр и Елисејските полиња, пренесува „Фигаро“.

„Присуството и движењето на лица кои учествуваат во поворки, дефилеа и собири кои не се пријавени под условите утврдени со закон се забранети во овие зони“, се наведува во уредбата објавена на X.

Со забраната исто така се опфатени париските железнички станици, плоштадите Италија, Бастиља и Република, квартот Шатле Ле Ал, островот Сите и квартот со големи стоковни куќи.

Бранот масовни протести во Франција почна во средината на септември како локален штрајк и бунт на учениците и наставниците во едно средно училиште во посиромашното предградие на Париз, а повод беа лошите услови во образованието, хроничниот недостиг на професори, пренатрупаните училници и запуштените училишни згради.

Ad
Ad