Тенис
Сабаленка по пласманот во третото коло на УС опен: Задоволна сум од мојата игра
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ноќеска на убедлив начин (6:1 и 6:1) ја совлада Русинката Полина Јаценко во меч од второто коло на Отвореното првенство на САД.
– Задоволна сум од моето ниво на игра денес, задоволна од мојата концентрација и задоволна што се пласирав во следната рунда. Мислам дека имав некои тешкотии на средина од сезоната. Повторно, нема да се извинувам или да објаснувам зошто или што се случи, но сум задоволна од моето ниво. Дефинитивно можам да кажам дека ментално сум многу посилна отколку што бев на средина од сезоната, а и физички се чувствувам посилна. Затоа се чувствувам како да сум на мое ниво, изјави за „ESPN“ белоруската тенисерка.
Првиот светски рекет во третото коло ќе се соочи со Камила Рахимова од Узбекистан. Мечот ќе се игра на 4 септември.
септември 3, 2026
