Connect with us

Забава

Необични истражувања наградени со лажни нобелови награди – Од млеко од лебарки до научни анализи за дување нос

Истражувачи кои проучувале млеко од лебарки и анализирале здравје на земјиште со долна облека добија денеска сатирични Нобелови награди – Иг Нобел. Со нив се слават необични и имагинативни придонеси во науката. Десет истражувачки тимови беа наградени во Цирих на сатирична церемонија за доделување научни награди, прва од таков вид што се одржува надвор од САД.

Во конгресен центар во Цирих, истражувачките тимови добија уникатни трофеи, а меѓу победниците беа Матилда Бриндл и Стјуарт Вест од Универзитетот во Оксфорд и Кетрин Ф. Талбот од Технолошкиот институт на Флорида, кои ја реконструираа еволутивната историја на бакнувањето.

Меѓу победниците е Токуџи Уно, кој научно го истражуваше дувањето нос.

Истражувачкиот тим кој закопа 1.000 пара долна облека во повеќе од 25 земји за да проучи како ситните суштества во почвата помагаат во нивното распаѓање, исто така беше награден.

Следната церемонија за доделување на наградите ќе се одржи во 2027 година во белгискиот град Антверпен.

Првата церемонија за доделување на Иг Нобел се одржа во 1991 година под слоганот „за работи што не може и не треба да се повторат“.