Забава
Во Кина изграден лифт на отворено, висок 288 метри, што ќе им помогне на децата побрзо да стигнат на училиште
Властите во кинеската покраина Јунан изградија втор панорамски лифт за искачување по стрмна карпа за да им помогнат на децата во оддалеченото планинско село Ничухе да стигнат до своето училиште.
Новиот лифт, наречен „Скала Фујао“, е висок 288 метри над дното на кањонот, што го прави еден од најимпресивните надворешни лифтови во светот. Децата од селото Ничухе, коешто се наоѓа длабоко во Големиот Кањон на реката Ничу, претходно мораа да пешачат околу три часа по опасен планински пат за да стигнат до основното училиште во селото Гуангжаи.
Инаку, првиот лифт, наречен „Скала Ќинѓун“, беше отворен во 2022 година. Висок е 268 метри и е вграден во вертикална карпа, објави „Одити централ“.
Изградбата на првиот лифт беше голем логистички подвиг и привлече внимание од јавноста во Кина и ширум светот. Сепак, неговата популарност донесе нов „проблем“, бидејќи туристи почнаа да се собираат во тој дел од земјата за да се возат со лифтот.
септември 3, 2026
