Connect with us

Кошарка

Леброн уште на 20-годишна возраст имал цел да стане најдобар на сите времиња

Поранешниот НБА играч Ал Харингтон сподели приказна од 2005 година за тогаш 20-годишниот Леброн Џејмс и неговата амбиција да стане подобар од Мајкл Џордан.

– Група играчи беа во автобус кои одеа на хуманитарен натпревар по ураганот Катрина. Леброн беше таму. И тој буквално рече: „Кога ќе завршам со бројот 23, никој нема ни да се сеќава на тој човек“.
Значи, во неговиот ум, неговата единствена цел е да биде најдобар на сите времиња кога ќе заврши со кошарката. Можеби тоа е причината зошто продолжува да игра и во петтата деценија од животот, забележа Харингтон.

Големата НБА-ѕвезда, 41-годишниот Леброн Џејмс, сезонава ќе настапува за Филаделфија. Претходно има играно за Лос Анџелес лејкерс, Кливленд и Мајами.