Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да продава демагогии за реформската агенда, Филипче да се огради од фотомонтажите кои осамнаа денес по социјалните мрежи

Наместо да продаваа демагогии за реформската агенда, Филипче да се огради од фотомонтажите кои осамнаа денес по социјалните мрежи. Единствениот успех на Филипче и неговата влада во делот на евроинтеграциите е сликата во авионот и промената на името, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува интегрално.

Реформската агенда и те како се почитува, се работи и се спроведува на дело, но Филипче нема увид во тоа бидејќи се занимава со друга политика, а тоа е ширење на омраза, малверзации и невистини.

Наместо Филипче и блиските структури до него, да се занимаваат со проекти, тие се занимаваат со подметнување на пожари и повици за убиство на премиер, министер за внатрешни и директор на јавна безбедност.

Итно Филипче да се огради од овие фотомонтажи, инаку се потврдува тезата дека тој лично стои позади ова.