Connect with us

Фудбал

Азербејџанскиот претседател ги награди фудбалерите на Сабах со три милиони долари

Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, издаде указ за доделување пет милиони манати (приближно 2,94 милиони долари) на фудбалскиот клуб Сабах како награда за пласманот во Лигата на шампиони.
„Во врска со пласманот на тимот во главната фаза во Лигата на шампиони, издвојуваме пет милиони манати на ФК Сабах од претседателскиот резервен фонд, утврден во државниот буџет на Азербејџан за 2026 година“, се наведува во објавата на официјалниот сајт на претседателскиот кабинет во Баку.
Основан пред само девет години, Сабах во вторникот го елиминираше израелски Хапоел Бер Шева во плејофот и прв пат во клупската историја обезбеди пласман во главната фаза на Лигата на шампиони.
Сабах е само вториот азербејџански клуб во историјата што обезбеди место во главната фаза на елитното европско клупско натпреварување по Карабах (2017/2018 и 2025/2026).