Connect with us

Политика

ВМРО – ДПМНЕ: ДУИ веројатно се чувствуваат поголеми Срби од Србите

ДУИ до тој степен се фиксирани за Србија што според јунговата теорија на себе проекција слободно може да заклучиме дека се чувствуваат самите како поголеми Срби од Србите, дури чувствуваат и изневерување зошто Милош Биковиќ не отишол до Зајас, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА интегрално го пренесува.

И толку се провидни со тезата за српскиот свет, што покажуваат само потценување на сопствениот народ.

Не пијат Албанците нафта од Пуцко петрол за да веруваат во глупостите на ДУИ и необмислените тези.

Албанците се мудри и искусни и знаат да препознаат што е вистина, а што очаен обид на ДУИ да дефокусира од суштинската тема, како раководството на ДУИ од овчари станаа шеици, а притоа албанскиот народ осиромашува и се иселува од државава.