Формула 1
Верстапен: Многу сум задоволен од продолжувањето на договорот со Ред Бул, нашата цел е да се вратиме на врвот
Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, коментираше за продолжувањето на договорот со тимот. Новиот договор важи до 2030 година. Неговиот претходен договор требаше да истече во 2028 година.
– Многу сум задоволен од продолжувањето на договорот. Имаме најдобри луѓе и сум воодушевен што ќе продолжиме да работиме заедно за да се вратиме на врвот. Ова е нашата главна цел, кон која сите се стремиме и ќе продолжиме да се стремиме, изјави Верстапен за веб-страницата на Ред Бул.
Претходно се шпекулираше дека Верстапен размислува да го напушти Ред Бул и да ја продолжи кариерата во друг тим, медиумите главно ги споменуваа Мерцедес и Мекларен како опции.
Верстапен вози за Ред Бул од 2016 година. Дваесет и осумгодишниот Холанѓанец е четирикратен шампион во Формула 1.
август 21, 2026
