Connect with us

Формула 1

Расел победи на спринтот на Големата награда на Холандија

 Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, победи во спринтот на 12. етапа од шампионатот во Формула 1 сезона 2026 во Холандија.

Британецот стартуваше од пол-позицијата. Тој исто така победи на спринтовите во Кина и Канада оваа сезона.

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, заврши втор (1,36 секунди заостанување), додека Ландо Норис од Мекларен заврши трет (5,196 секунди заостанување). 

Попладнево ќе се одржат и квалификациите за главната трка, која ќе се вози утре, 23 август во 15 часот.