Connect with us

Политика

Манасиевски: Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ земале пари од партијата, си плаќале стотици илјади денари, додека молеле граѓаните да донираат за Левица

Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ земале пари од партијата и си плаќале стотици илјади денари, додека ги молеле граѓаните да донираат за Левица. Во превод, вие донирајте, а тие ќе лапаат. Димитар Апасиев и Амар Мециновиќ земале над милион денари во периодот од 2021 година до денес, наведува на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ,  што МИА ја пренесува интегрално.

Само во 2025 година, година во која Амар Мециновиќ е пратеник во Собранието, тој од Левица земал над 200.000 денари.

За што ти се овие пари, другар Мециновиќ?

Додека глумиш скромност, и додека го лажеш народот како Левица е против елитите, за народот, работниците и други весели бајки, ти млатиш стотици илјади денари секоја година преку Левица.

Зарем е мала пратеничката плата, Амар?

Лицемерието на Левица е тотално демаскирано.