Connect with us

Општини

Општина Битола ќе соработува со Будимпешта Дистрикт 18 од Унгарија

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска оствари средба со делегација од Будимпешта дистрикт 18, предводена од градоначалникот Шандор Санисло.

На средбата присуствуваа и претседателот на Советот Бојан Бојкоски, секретарот на Општина Битола Борче Димитровски, Александар Стефановски соработник за култура и спорт и Цветанка Ристевска раководителка на одделение, од македонска страна и Петер Кереш заменик градоначалник на дистриктот 18, Роберт Роњец главен административен службеник и Јанош Сзентецки  раководител на одделение, од унгарска страна.

Градоначалникот Коњановски ги запозна гостите со богатата историја и култура на градот пред се големите фестивали кои се случуваат во Битола, со економските потенцијали како што е индустриската зона „Жабени“ како и потенцијалите во развојот на туризмот. Односите меѓу двата града, се негуваат 26 години, а започнаа преку соработката меѓу фолклорните ансамбли на КУД „Илинден“ од Битола и Фондацијата за танцова уметност „Теблаб“ која годинава настапува на фестивалот „Илинденски денови“, соопштија од Општина Битола.

Возвратна посета и средба меѓу двете делегации е договорена за месец септември кога ќе биде прецизирана идната соработка меѓу двете општини.