Општини
,,Алкохолот и воланот не се добар пар” – превентивна активност на СВР Тетово
Превентивна активност „Алкохолот и воланот не се добар пар“ е спроведена денеска во близина на наплатните станици Желино и Тетово, при што на возачите на моторни возила учесници во сообраќајот им биле поделени летоци со информативно – едукативна содржина изготвени од Министерството за внатрешни работи, Републичкиот совет за бебзедност на сообраќајот на патиштата и Факултетот за безбедност Скопје.
– Целта е зголемување на свеста кај возачите за опасностите од управувањето возило под дејство на алкохол – информира МВР.
Активноста ја спровеле полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, во содејство со полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово.
јули 27, 2026
