Connect with us

Општини

Општина Ново Село објави продажба на парцели за викенд куќи близу Смоларскиот водопад

Општина Ново Село денеска објави програма за продажба на парцели за викенд куќи близу Смоларскиот водопад, на влезот во селото Смолари од Мокрино, информираа од локалната самоуправа.

-Граѓаните имаат можност да добијат свое сопствено катче близу Смоларските водопади и Мокринските извори, а поднесувањето апликации трае до 17 август 2026 година до 15:30 часот, се наведува во објавата.

Во понуда се триесетина парцели со по 500 метри квадратни, а од Општина Ново Село очекуваат со изградбата на новата викенд населба да се зголемат сместувачките капацитети за престој на туристи и посетители кои сакаат да уживаат во убавините на планината Беласица и во близина на еден од најголемите водопади во државата

Ad
Ad