Connect with us

Хроника

20 годишно момче се удавило во водите на Охридското Езеро кај „Машка плажа“ во Струга

Полицијата во Струга соопшти дека до нив било пријавено дека кај „Машка плажа“ во водите Охридското Езеро било забележано безживотно машко тело.

Телото веднаш било пренесено во Општата болница во Струга, каде доктор од болницата констатирал смрт без траги на насилство.

Како што сооошти СВР – Охрид, утврдено е дека се работи за С.С.(20) од струшкото село Октиси. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот и околностите поради кои настапила смртта. 

Ad
Ad