Connect with us

Хроника

Во Србија приведен лажен лекар од Македонија

Српската полиција соопшти дека привеле во Врање државјанин на Северна Македонија под сомнение за продолжено кривично дело измама.

Осомничениот С.К (1970) се товари дека од 4 до 13 јуни годинава им се јавил на тројца граѓани од областа на Врање на нивните фиксни телефони, претставувајќи се како лекар од Северна Македонија, и им кажал дека нивни блиски членови на семејството наводно се тешко повредени, со што ги довел во заблуда и подоцна отишол на нивни адреси и зел големи суми пари.

За приведениот ќе биде поднесена кривична пријава.

Ad
Ad