Хроника
Три деца пронајдени во бесвест во Куманово, најверојатно затруени од вдишување лепило
Три малолетни деца – петнаесетгодишно девојче и нејзините двајца браќа на возраст од дванесет и девет години, биле пронајдени без реакција на допир на улицата Професор Мијалковиќ во Куманово – информираа денеска од СВР Куманово.
Според пријавата, случајот бил евидентиран вчера околу 10.40 часот, а според првичните информации, децата најверојатно биле затруени од вдишување лепило. Тие веднаш биле пренесени во Општата болница во Куманово, каде што им била укажана лекарска помош.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
јуни 16, 2026

