Ракомет
РФМ ја доби организацијата на Европското првенство 2028 за играчи до 18 години
Ракометната федерација на Македонија со големо задоволство ја информира јавноста дека Европската ракометна федерација (ЕХФ) официјално ја потврди кандидатурата на нашата држава за организација на Европското првенство за мажи до 18 години – EHF EURO 2028, објави попладнево РФМ.
Натпреварувањето ќе се одржи во периодот од 2 до 13 август 2028 година, а ќе претставува можност нашата земја уште еднаш да ја потврди својата организациска подготвеност и посветеност кон развојот на ракометот.
-Одлуката беше донесена од страна на Извршниот комитет на ЕХФ на состанокот одржан на 13 јуни 2026 година, а со тоа Македонија ја доби довербата да биде домаќин на едно од најзначајните младински ракометни натпреварувања во Европа, додаваат од федерацијата.
Доделувањето на организацијата на ЕХФ ЕУРО 2028 претставува уште едно значајно признание за македонскиот ракомет.
јуни 15, 2026


