Connect with us

Тенис

Вимблдон го зголеми наградниот фонд за рекордни 20 отсто

Организаторите на грен слем турнирот во Вимблдон објавија денеска рекорден награден фонд од 64,2 милиони фунти за овогодишното издание, што е зголемување од 20 проценти во однос на лани.
Рекордното зголемување на наградниот фонд доаѓа во услови на растечки барања од тенисерите за поголем дел од приходите на грен слем турнирите.
Дел од тенисерите на неодамна одржаниот Ролан Гарос ги ограничија своите медиумски настапи, па дури и се заканија со идни бојкоти.
Победниците во поединечна машка и женска конкуренција годинава на Вимблдон ќе заработат 3,6 милиони фунти, што е зголемување од 20 проценти во однос на минатата година, додека поразените во финалето ќе инкасираат 1,8 милиони фунти.

Ad
Ad