Вести
Министерството за транспорт: СДСМ пласира лаги и измислици за постапката во Аеродром
Денешната прес конференција на СДСМ е уште една лага и измислица.
Сакаме да ја информираме јавноста дека постапката ја води општина Аеродром согласно сите законски процедури.
Од Министерството за транспорт е побарано мислење и Министерството даде позитивно мислење затоа што сите законски процедури се испочитувани.
Со оглед на тоа дека намената е спорт Министерството за транспорт даде позитивно мислење. Развојот на спортската инфраструктура е приоритет и ние силно ја поддржуваме. Општина Аеродром ја има нашата цела поддршка.
Целата постапка од страна на општината е целосно транспарентна и согласно сите регулативи.
јуни 10, 2026

