Вести
Објавен јавен повик за пријавување кандидати за волонтирање во Народната канцеларија на претседателката
Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова објави јавен повик за пријавување кандидати за волонтирање во Народната канцеларија на претседателката.
Јавниот повик е во согласност со член 4 од програмата за волонтирање во 2026 година и предвидува ангажирање 10 волонтери за вршење активности утврдени во член 3 од Законот за волонтерството.
Заинтересирани кандидати треба да приложат кратка биографија и мотивациско писмо до архивата на Кабинетот на претседателката или пo пошта на следната адреса: Кабинет на претседателот на Република Северна Македонија, улица Ацо Караманов бр. 33а, 1000 Скопје (со назнака „за јавен повик за волонтери”).
Рокот за доставувањето на пријавите со потребните документи е 5 (пет) работни дена, сметано од денот на објавувањето на огласот на веб-страницата на претседателката, заклучно со 17.6.2026 година до 15 часот.
Селекцијата на волонтерите ќе ја изврши комисија за селекција на волонтери во Кабинетот, а селектираните ќе бидат контактирани. Ненавремените и некомплетни пријави нема да се разгледуваат.
Волонтерскиот ангажман се заснова врз основа на договор за волонтирање за период од најмногу 6 (шест) месеци. По завршување на волонтирањето, Кабинетот на претседателот нема обврска за вработување на волонтерите.
Волонтерите, како што информираат од Кабинетот, имаат право на надоместок на трошоци за храна и превоз до и од местото на волонтирањето во висина до 15 отсто од просечната месечна плата во Републиката исплатена за претходната година.
јуни 11, 2026


