Connect with us

Фудбал

Дешан за хет-трикот на Олисе за Франција: Тој е полн со самодоверба

Селекторот на Франција, Дидие Дешан, реагираше на хет-трикот на напаѓачот Мајкл Олисе во пријателскиот натпревар против Северна Ирска.

Натпреварот се одигра синоќа на стадионот „Пјер Морој“ во Лил и заврши со 3:1 во корист на Франција.

-Ова е тој Олисе што ни треба. Тој се истакнува по една сезона со Баерн и со репрезентацијата. Постигна голем успех и е полн со самодоверба. Исто така знае како напорно да работи на теренот и тоа да го прави постојано, а тоа е важно, изјави Дешан за „RFI“.

Франција ќе учествува на Светското првенство во 2026 година во група со Сенегал, Ирак и Норвешка.

Ad
Ad