Фудбал
Медиуми: Манчини се враќа на клупата на Италија
Поранешниот италијански фудбалски селектор Роберто Манчини (61) повторно ќе седне на клупата на „Аѕурите“.
Италијанските медиуми јавија денеска дека 61-годишниот Манчини е главен кандидат да ја преземе репрезентацијата.
Според истите извори, Манчини треба да потпише договор до 2030 година со годишна плата од два милиони евра.
Манчини беше селектор на Италија од 2018 до 2023 година, а должноста ја напушти откако во плејофот за пласман на Светското првенство 2022 загуби од Македонија во Палермо.
Италија е без селектор од март откако Џенаро Гатузо поднесе оставка поради неуспехот да се квалификува за претстојното Светско првенство.
јуни 10, 2026


