Вести
Трајков: Зокружен процесот за подготовка на Националната програма за усвојување на правото на ЕУ – НПАА 2027-2030
Заврши третиот и последен циклус работилници за подготовка на Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија (НПАА) за периодот 2027–2030 година. Ова го соопшти заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, посочувајќи дека со тоа е заокружен тримесечниот процес на подготовка на стратешкиот документ.
Во изминатите три месеци, низ три фази и вкупно 15 работни денови, повеќе од 250 претставници на институциите, членови на работните групи и експерти работеа на дефинирање на реформските обврски, мерките, надлежностите и роковите за нивно спроведување.
Трајков ја истакна важноста на НПАА како заедничка стратешка и оперативна рамка за сите институции, која треба да биде усогласена со обврските од скрининг-процесот, препораките на Европската комисија, Реформската агенда и целокупниот процес на пристапување кон Европската Унија.
-Пред нас следува финалната фаза – консолидација и финализирање на документот, со цел до декември да го доставиме до Владата за усвојување – посочи заменик-министерката.
Таа упати благодарност до институциите, членовите на работните групи и експерти за нивната посветеност и професионален придонес, како и до UNOPS, проектот SUPRAE и Цветанка Кузмановска за значајната поддршка во овој процес.
Според Трајков, заедничката одговорност, координација и посветеност ќе подготвиме квалитетна и применлива програма, која ќе биде важен инструмент за спроведување на реформите и напредокот на нашата земја кон членство во Европската Унија.
– Европската интеграција е заедничка цел, а реформите се наша заедничка одговорност – порача Трајков.
ноември 27, 2026


