Политика
Велковски: Ја зајакнуваме координацијата помеѓу институциите за заштита на жртвите од семејно насилство
Ѓоко Велковски, министер за социјална политика, демографија и млади, на денешната панел-дискусија во рамки на кампањата „16 дена активизам“, под мотото „Сплотени дејствуваме, одлучни против насилството“, истакна дека институциите значително ги интензивирале активностите и ја забрзале меѓуинституционалната координација во справувањето со семејното насилство и насилството врз жените, нагласувајќи дека приоритет е навремена интервенција, заштита и целосна поддршка на секоја жртва.
„Мотивирани од она што го работиме заедно, морам тука да кажам дека тука веќе со протоколи и Јавното обвинителство, каде што морам да кажам дека одржавме и институционален состанок пред само неколку дена, меѓутоа и претходно беа активирани и вклучени во други наши работни групи и состаноци каде што разговаравме отворено како треба да постапиме, бидејќи бројките ако ги видите помеѓу тоа што се пријави од страна на Министерството за внатрешни работи и Министерството за социјална политика, демографија и млади, колку предмети презеле и колку одлуки донеле ќе видите дека тоа е по години намалено за 30%“, рече Велковски.
Велковски поосчи дека целта е институциите да постапуваат координирано, стручно и доследно според утврдените протоколи, како при пријавување на насилство, така и во неговото навремено препознавање и спречување.
„Значи не толку ефикасно во даден момент Јавното обвинителство постапувало се осозна, дека дел од самите структури таму не се целосно запознаени со проблематиката на семејното насилство. Затоа се одржаа обуки каде што службениците од сите овие институции, вклучувајќи ги тука Министерство за образование и наука и останатите направија една квалитетна обука за тоа како треба да се постапува, за првпат се обучени имаме 33 лица во Македонија кои потоа по институции како што е Министерство за внатрешни работи, МОН, сите чинители во центрите за социјална работа да добијат квалитетна обука да знаат протоколарно да постапуваат по однос на пријава, а пред се и на превенција доколку се случи“, рече Велковски.
ноември 25, 2026


