Тенис
Алкараз тргна со победа на завршниот Мастерс
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз со победа го почна завршниот Мастерс во Торино. Тој во групата „Иван Лендл“ го совлада Американецот Френсис Тиафо со 2:0 во сетови (6:2 и 6:2) за 69 минути игра.
За Алкараз ова е деветта победа во серија откога на турнирот во Торино стигна со две освоени титули на турнирите во Виена и Париз.
Ланскиот финалист одлично го почна мечот и поведе со 4:0 во гемови и првиот сет го доби со 6:2, а во вториот сет при 3:2 во гемови спаси три брејк топки и сетот го освои со идентични 6:2.
Во меѓусебните мечеви Алкараз поведе со 3:1.
Во вториот меч од групата од 21 часот ќе играат Данил Медведев и Флавио Коболи.
ноември 17, 2026


