Connect with us

Свет

Самит на Европската политичка заедница почнува во Даблин за клучните предизвици со кои се соочува европскиот континент

Лидерите на околу 50 европски земји ќе се соберат  денеска во Даблин на 9. самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ), каде што ќе разговараат за клучните стратешки и геополитички предизвици со кои се соочува европскиот континент, особено напорите за ставање крај на војната во Украина. Ден потоа, в петок, се одржува неформален состанок на самитот на земјите-членки на Европската унија.

Самитот на ЕПЗ ќе започне со пленарна сесија на која ирскиот премиер Мајкл Мартин, украинскиот претседател Володимир Зеленски и претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта ќе одржат воведни говори. Потоа ќе следат дискусии на тркалезна маса на две теми – изградба на конкурентна Европа, со акцент на иновации, поврзаност и прифатлива енергија, и заштита и одбрана на демократска Европа.

Се очекува агресивната војна на Русија против Украина и тековната хибридна кампања против инфраструктурата, границите и општествата во Европа да бидат во центарот на вниманието, како на панелите, така и на пленарните состаноци. Лидерите на европските земји и институции кои учествуваа во преговорите во Абу Даби ќе ги информираат своите колеги за можниот напредок и можните резултати.

Се очекува да бидат усвоени три декларации како дел од самитот – за миграцијата, борбата против дрогата и принципите на европската безбедност.

По вторпат, канадскиот премиер Марк Карни, кој се обидува да изгради поблиски врски со Европа, ќе учествува како гостин на самитот. 

Ad
Ad