Вести
Кочанскиот суд одреди притвор од 30 дена за Ива Михајлова
Основниот суд од Кочани денеска на Ива Михајлова и одреди мерка притвор во траење од 30 дена, потврди за МИА претседателот на кочанскиот Суд, Спиро Борисов. Како што информира тој, Михајлова го заработила притворот поради непочитување на претходно изречените мерки на претпазливост – одземање на патна исправа и забрана за напуштање на државата.
Притворот за Ива ќе се смета од моментот кога ќе биде приведена.
Триесетдневниот притвор на Ива Михајлова и е изречен на барање на ОЈО и по добиени известувања од полицијата и другите надлежни органи дека таа ја прекршила претходно изречената мерка на претпазливост во судски процес во кој таа е на обвинителна клупа за предизвикување сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот.
Младата кочанчанка се појави преку медиумите во Бугарија, по што беше утврдено дека на нелегален начин ја преминала македонската граница
Наводно во Македонија не и биле овозможени соодветни услови за лекување, иако таа секојдневно можеше да се забележи во градот.
октомври 13, 2026


