Connect with us

Регион

Предвремени избори во Србија: За 250 пратенички места ќе се борат 2.418 кандидати на 18 изборни листи, над 6,4 милиони граѓани се со право на глас

Вкупно 6.450.523 избирачи се запишани во избирачкиот список за предвремените парламентарни избори во Србија, закажани за 25 октомври, соопшти денеска Републичката изборна комисија (РИК). Дополнително, во странство се отворени 93 избирачки места, на кои за гласање се пријавиле вкупно 102.147 гласачи.

Бројот на избирачите сè уште не е конечен, бидејќи и по заклучувањето на избирачкиот список може да има промени врз основа на официјална одлука на српското министерство за државна управа и локална самоуправа. Измените може да се вршат најдоцна 72 часа пред почетокот на изборниот ден на 25 октомври.

Српските граѓани ќе избираат пратеници меѓу 18 изборни листи, на кои се кандидирани вкупно 2.418 лица.

Изборите на 25 октомври ги распиша претседателот Александар Вучиќ пред неговата оставка од функцијата на 27 септември. Тој го скрати својот втор и, според законот, последен претседателски мандат за повеќе од седум месеци, а сега учествува на изборите со својата партија, Српската напредна партија.

Гласањето се одржува по речиси две години студентски протести, кои започнаа по уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година, кога загинаа 16 лица. Студентите на овие избори ќе настапат со сопствена листа, наречена „Студентска листа“.

Ad
Ad