Регион
Лажни дојави за подметнати бомби во училишта и во Суботица
На електронските адреси на повеќе основни и средни училишта во Суботица, северна Србија, утрово пристигнале дојави за подметнати бомби. По полициската проверка утврдено е дека дојавите биле лажни.
По примените дојави учениците и наставниците биле евакуирани од училиштата.
Лажни дојави за подметнати бомби денеска имаше и во Лесковац, при што беа евакуирани учениците од пет основни и едно средно училиште.
октомври 10, 2026


