Фудбал
Рајс пред нов договор со Арсенал
Фудбалерот на Арсенал, Деклан Рајс, е блиску до постигнување договор за продолжување на соработката со актуелниот англиски првак, јавија денеска британските медиуми.
Рајс има договор со Арсенал до крајот на следната сезона, а Би-Би-Си објави дека преговорите за нов договор сега се во напредна фаза.
Според истиот извор, би добил значително зголемување на платата во споредба со сегашните 240.000 фунти неделно, со што би се израмнил со најплатениот играч во клубот, Букајо Сака, за кој се верува дека заработува околу 350.000 фунти неделно.
Рајс пристигна во Арсенал во јули 2023 година од Вест Хем и досега одигра 165 натпревари за клубот од северен Лондон, кој минатата сезона ја освои првата премиерлигашка титула по пауза од 22 години.



