Connect with us

Фудбал

Медиуми: Баерн подготвува понуда за Олмо

Шпанскиот фудбалски репрезентативец Дани Олмо се најде на „радарот“ на минхенски Баерн, кој како што пренесуваат денеска шпанските медиуми, е сериозно заинтересиран да го откупи неговиот договор со Барселона.
Каталонскиот портал Спорт, кој е исклучително близок до Барселона, објави дека актуелниот шпански првак би можел да се согласи со трансферот доколку добие добра финансиска понуда.
Според истиот извор, Барселона би била подготвена да го пушти Олмо за 90 милиони евра.
Сепак, Баерн не е единствениот клуб кој е заинтересиран. Други гиганти од Премиер лигата – Челзи, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити и Арсенал – исто така покажуваат интерес за шпанскиот репрезентативец, чија примарна желба, сепак, е да остане во Барселона.
Олмо досега има 96 официјални настапи за каталонскиот гигант, постигнувајќи 20 голови.

Ad
Ad