Connect with us

Регион

На атинското пристаниште Пиреас уапсен српски државјанин со 10,5 милиони шверцувани цигари

Во контејнер со изолациски материјали, што од Обединетите Арапски Емирати тргнал за Србија, на атинското пристаниште Пиреас биле откриени 10.500.000 парчиња шверцувани цигари, со избегнати се царински давачки и даноци од над два милиони евра, а што уапсен е 33-годишен српски државјанин, соопштија од крајбрежната служба на Грција, јави дописничката на МИА од Атина

Контејнерот бил во слободната зона на терминалот за контејнери на пристаништето Пиреас во Атина, а вчера попладне биле спроведени дополнителни контроли од надлежните органи од грчката крајбрежна служба и царински службеници од Независната управа за јавни приходи при што биле откриени шверцуваните цигари.

Поконкретно, како што соопштија од крајбрежната служба на Грција, по локална анализа на опасност и по извршен преглед со рендгенски мобилен уред, било утврдено несогласување меѓу пријавениот товар и резултатите од проверката, по што била извршена физичка контрола и го отвориле запечатениот контејнер, каде што во првите редови се наоѓал легално пријавениот товар односно изолациски материјали, што биле употребен како средство за прикривање,

Во внатрешноста било пронајдени 1.050 картонски кутии со вкупно 10.500.000 парчиња шверцувани цигари од конкретна марка, што биле натоварени на приколка, која била влечена од товарно возило управувано од 33-годишниот Србин.

– Според придружната документација, конкретниот контејнер бил натоварен на 8 август 2026 година во Обединетите Арапски Емирати, со крајна дестинација Србија, а на 6 октомври 2026 година бил истоварен од брод што пловел под знамето на Сингапур во слободната зона на Пиреас. Избегнатите царински давачки и даноци изнесуваат 2.148.862,99 евра, соопштија од крајбрежната служба на Грција.

Цигарите биле запленети, а уапсениот ќе биде изведен пред надлежното обвинителство.

Ad
Ad