Connect with us

Фудбал

Рабио ќе потпише нов договор со Милан

Францускиот фудбалски репрезентативец Адриен Рабио ќе потпише нов долгорочен договор со Милан, јавија денеска италијанските медиуми.
Рабио има договор со Милан до 2028 година, а според „Газета дело Спорт“, калчолигашот наскоро ќе му понуди продолжување на соработката за уште две години со опција за уште една дополнителна сезона, што значи дека францускиот играч од средниот ред би останал во Милан 2031 година, до 36-годишна возраст.
Според медиумите, договорот треба да биде потпишан во октомври.
Рабио ја почна кариерата во младинските категории на ПСЖ, а потоа беше дел од Тулуз, Јувентус и Олимпик Марсеј.