Свет
Белгија од почетокот на годината протерала над илјада странци, без право на престој во земјата
Од почетокот на оваа година властите во Белгија протерале 1.239 странци, без право на престој во земјата, објавија локалните медиуми, кои забележуваат дека со овој податок „е подобрен рекордот од 2017 година“ кога беа протерани 1.112 лица.
Властите прецизираат дека станува збор за лица што биле осудени за кривични дела и биле во затвор пред да бидат вратени во своите матични земји. Минатата година биле вратени 991 странец, а во 2024 година – 828.
Поголемиот дел од осудените лица се Мароканци (233), а добар дел е од Албанија (195) и Алжир (138).
Министерката за азил и миграција, Анелин ван Босует, изјави дека зголемувањето оваа година е директно поврзано со договорите со Мароко и Алжир за повторно примање на нивните граѓани. Во последните месеци Белгија го прошири списокот на европски земји, каде што некои од лицата лишени од слобода би можеле да бидат префрлени поради пренатрупаност во затворите. Минатата година белгиската влада почна прелиминарни разговори со Албанија и Косово, а потоа ја прошири листата за да ги вклучи Естонија, Босна и Херцеговина, Република Северна Македонија, Србија, Црна Гора и Литванија.
септември 15, 2026
