Свет
Рекордни корпоративните донации за меѓуизборите во САД
Американските корпорации за 18 месеци, до јуни, донираа рекордни 646 милиони долари на политичките партии, што е за 40 проценти повеќе од вкупно потрошените средства за време на целиот циклус на претседателските избори во 2024 година, соопшти денеска групата за надзор „Паблик ситизен“ (Public Citizen).
Меѓу компаниите што го поттикна растот на донациите се производствениот конгломерат „Кох Инк“ и нови донатори, како компаниите за онлајн спортско обложување.
Големите компании за тутун и канабис, исто така, донираа огромни суми, главно на републиканските кандидати.
Компаниите донираа околу 76 милиони долари на кандидатите од двете партии на среднорочните избори на 3 ноември.
„Паблик Ситизен“ е група за заштита на потрошувачите, формирана во 1971 година од Ралф Надер. Групата е против корпоративното финансирање на изборите, истакнувајќи оти со тоа им се овозможува на одредени групи од интерес непропорционално да влијаат на политиката.
Корпоративните политички донации се зголемија откако Врховниот суд ги укина ограничувањата во 2010 година, дозволувајќи им на компаниите и богатите поединци да даваат неограничени суми.
август 28, 2026
