Connect with us

Свет

Јужна Кореја, Јапонија и САД ќе одржат воени вежби фокусирани на Северна Кореја

Јужна Кореја, Јапонија и САД ќе одржат заеднички воени вежби од 9 до 11 септември за да ја тестираат својата подготвеност против ракетните и нуклеарните закани на Северна Кореја, соопштија денеска јужнокорејските власти.

Годишните одбранбени вежби ќе се одржат во меѓународни води јужно и источно од јужнокорејскиот остров Чеџу, соопштија началници на генералштабовите на Сеул.

Трилатералната вежба доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп ја намали заедничката вежба од големи размери со Јужна Кореја, а САД потоа ги откажаа заедничките маневри на морнаричкиот корпус планирани за следниот месец.

Трамп го наведе одбивањето на Сеул да понуди помош во војната со Иран како една од причините и рече дека вежбите „Штит на слободата“ овој месец ќе испратат „погрешна порака до Северна Кореја“.

Трамп се обидува да одржи нова средба на високо ниво со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Двајцата се сретнаа во 2018 и 2019 година, забележуваат светските агенции.