Вести
Муцунски во посета на Израел, на средба со Саар и потпишување билатерални договори
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Државата Израел.
Во рамките на посетата предвидено е министерот Муцунски да оствари средба и разговори со својот израелски колега, министерот за надворешни работи, Гидеон Саар (Gideon Sa’ar).
Во фокусот на разговорите, како што соопшти МНРиНТ, ќе бидат билатералните односи, можностите за нивно натамошно унапредување и продлабочувањето на соработката меѓу двете земји.
За време на посетата предвидено е и потпишување неколку билатерални документи.
август 25, 2026
