Култура
Прогласени најдобрите филмови на 10. издание на фестивалот за краток филм Дрим Шорт
Студенсткиот филм „Rage“ е прогласен за најдобар во сите натпреварувачки категории на 10. јубилејно издание на фестивалот за краток филм Дрим Шорт. Наградата од публика му е доделена на филмот „The bench“ во режија на Трифун Ситниковски.
Тимот на Дрим Шорт соопшти дека за изборот на најдобри филмови одлучувала жири комисија во состав Масимилијано Нардули, сценарист, Верица Недеска, актерка и Гледис Бица, режисер.
Специјално признание во студентската натпреварувачка програма, како што информираат, била доделена на „HOW TO FALL OUT OF LOVE“ во режија на Варвара Заритска. Најдобар филм во студентската натпреварувачка програма се доделува на „RAGE“, во режија на Фран Морено Бланко и Санти Пујол Амат.
Специјално признание во национална натпреварувачка програма, како што посочуваат, била доделена на „THE BENCH“ во режија на Трифун Ситниковски, а специјалното признание во оваа категорија му припаднала на „POSITIVE VIBES“ во режија на Сара Климоска и Радован Петровиќ. Најдобар филм во национална натпреварувачка програма бил избран „MUSHROOMS GROW IN MEMORY“, во режија на Ханис Багашов.
Специјално признание во регионалната натпреварувачка програма, според информацијата, добил „IMAGINARY NUMBERS“, во режија на Јелица Јериниќ, а најдобар филм „WHAT IF THE SKY SEES US?“, во режија на Кристин Абу Зеин.
Специјално признание во специјалната програма Соочување со минатото, посочуваат, се доделува на „INTERSECTING MEMORY“, во режија на Shayma’ Awawdeh, додека најдобар филм во истата програма е „Slet 1988“, во режија на Марта Попивода. Најдобар филм во меѓународната натпреварувачка програма бил „WONDERWALL“ во режија на Róisín Burns.
– Изминативе 5 денови проследивме богата филмска програма во 5 натпреварувачки програми – меѓународна, регионална, студентска, соочување со минатото, национална, како и програма студенти во фокус. Понатаму едукативна програма со мастеркласови на Пјер Хоџсон и Масимилијано Нардули, како и разговорот со Никола Ристановски, работилницата со Женска Инфо Точка Струга, и „Свесно кино“ програма и Еко-хакатон во соработка со Еко-свест. Проследивме и концерти на Дина Јашари, пост рок дуото „Антарктик“, диџеј сетови на Александар Гродзановски – Херцел и Костадин Шурбановски – Шурбе, како дел од музичката програма, соопшти Дрим Шорт.
август 12, 2026
