Култура
Културна недела во ЦК „Бели мугри” Кочани
ЦК „Бели мугри” од Кочани од денеска до 17 октомври за публиката нуди повеќе настани од културата.
Денеска се предвидени две проекции на филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња” и гостување и разговор со режисерката Дина Дума.
На 14 октомври во кино салата на Националната установа ќе се монтира огноотпорна сценска завеса, поради што нема да има настани.
На 15 октомври ќе се одржи бесплатна стенд-ап претстава на Бојан Велевски. На 16 октомври ќе биде отворена ликовната изложба „Не сме сами повеќе” на Викторија и Орхан Ќамилови, а на 17 октомври следува ретроспективна изложба и мини концерт на битолскиот бенд „Чоканче”.
октомври 13, 2026


