Connect with us

Технологија

„Хонор“ открива нови детали за камерите на претстојниот „Робот-фон“

Кинеската компанија „Хонор“ (Honor) одржа специјален настан за подробен преглед на камерите вградени во нивниот долгоочекуван роботски телефон, т.е. „Робот-фон“ (Robot Phone).

Како прв уред создаден во партнерство со легендарниот германски бренд за филмски камери „Ари“ (Arri), „Робот-фон“ носи неколку новини. Тие вклучуваат нативно „Лог-Ц3“ видеокодирање, „ЛУТ“ обработка на бои извршена директно на уредот и специјален „Синема“ режим (Cinema) којшто верно го имитира изгледот и чувството на снимање со „Ари“ филмските камери. „Хонор“, исто така, откри дека „Робот-фон“ има над 100 патенти.

Инаку, „ѕвездата“ на целиот уред е главната камера од 200 МП, поставена на триосен гимбал. Главната камера користи сензор од 1/1,28 инчи со отвор на блендата ф/1,6 и е напојувана од интерно развиен процесор за обработка на слики на „Хонор“ наречен „Југуанг Х1“.

Покрај новиот процесор, „Хонор“ користел и прилагоден гимбал-мотор за којшто тврди дека тежи само 2,6 грама. Уредот има перископ-камера од 200 МП и ултраширок аголен модул од 50 МП. Покрај импресивните камери, се очекува уредот да има дисплеј од 6,3 до 6,4 инчи, чип „Снепдрагон 8 елит ген 5“ (Snapdragon 8 Elite Gen 5) и батерија од 6.000 мАх.

Повеќе детали веројатно ќе бидат откриени пред лансирањето на „Робот-фон“ на 12 август.